На Интернационалниот фолклорен фестивал „Stig Fest “ што се одржува во местото Мало Црнице во Република Србија денеска беше одржана Ревија на народни носии и овде заслуженото ПРВО место го понесе носијата на фолклорниот пар од Ансамблот „Бојмија“ од Гевгелија.
На Ревијата учество зедоа вкупно 24 пара со своите традиционални носии од земјите учеснички на фестивалот, а тоа се: Бразил, Колумбија, Аргентина, од домаќинот Србија, Мексико, Унгарија, Кипар и од нашата земја победник Македонија, од фолкорните богатства на Гевгелија.
Еве го дефилето на победниците – дотераното момче со шарени плетени чорапи, со везена долама, со наќитен елек, и китнесто украсена девојкина носија со шарена дипла (по гевгелиски), со украсена шамија, богато навезена женска долама, китка на глава и богато везен и со волнени туфки украсен елек.
Ви го презентирема дефилето на победниците – парот играорци од „Бојмија“ со претставувањето на македонската носија од Гевгелија, и гевгелиско.
На Ревијата „Бојмија“ уествуваше со избор од три народни носии од гевгелиско. Ова беа презентерите на народните носии.

Да победиш на Интернационална ревија на народни носии со колоритност и богатство од осум светски земји, да ги победиш пердувестите костими на бразилските учесници, шарените карнери на мексиканските танчарки, грациозните костими на земјата на аргентинското танго е навистина достигнување.
Ова е дефилето на сите носии презентирани на Ревијата на носии од земјите кои учествуваа на ИФФ „Stig Fest “
Фестивалот во Мало Црнице е традиционален и се одржува од 17 до 21 август.
Покрај ревијата, Гевгелиските фолклористи имаа свои сценски настапи на отворената фестивалска сцена за сите посетители и, како и до сега во своето 20 годишно постоење и фолклорни настапи ја воодушевија публиката, зошто „Бојмија“ каде настапува ја загрева сцената, ја плени публиката.
Фестивалот уште трае. Вечерва на програмата е „Луди летни плес“ во местото Велико Црниќе, во Стадионот на малите спортови, а утревечер е Завршниот гала концерт во градот Смољинац, на Стадионот на малите спортови. Очекуваме нашите фолклористи од Гевгелија да блескаат на сцената како и досега.
Среќно „Бојмија“. Нема да се лутиме ако донесете уште едно признание и награда за македонскиот фолклор од ИФФ „Стиг Фест“ од Србија.