Денес православните христијани го слават големиот празник Преображение Христово.
Со силата на верата како што Христос на овој ден се појави со светлина и бела одежда пред своите апостоли, така денот нека донесе животна ведрина, благородна сила за успех, добрина, мир и животодарен род.
Нека темните мисли Ви се преобразат во светол светоглед на животот, болеста во здравје, тагата во радост, а целиот живот да Ви се преобрази во радост и љубов.
За многу години Преображение!
Амбиент од Црква “Св.Кирил и Методиј” Гевгелија