Има иднина за Дојранското езеро.
Денеска лично во посета на Хидросистемот „За спас на Дојранското езеро“ кај Ѓавото, општина Богданци, пристигна Премиерот на РСМ Христијан Мицкоски и најави дека после 4 години застој езерото повторно ќе се полни преку пумпите од Ѓавото.
Тој денеска направи увид на градежни активности на санација на хидросистемот Ѓавато и изјави дека е констатирано следново:
– „Детектирани се места каде што има пукнати цевки, практично цевки коишто треба водата да ја донесат до базенот од каде со други пумпи потоа водата ќе биде однесена во Дојранското Езеро, што значи дека се трошат ресурси за систем којшто 3, до 4 години функционира вака со расипан цевковод“ – истакна Премиерот.
– „Морам да споменам дека станува збор за 2 бунарски потопни пумпи, капацитетот е 10, другите 8 не работат. Овие 2 имаат капацитет од 100 литри во секунда секоја, иако вкупниот капацитет на хидросистемот е 1 кубик односно 1.000 литри во секунда“- појасни Премиерот.

Во периодот којшто следи планираме најмалку во најскоро време 4 да оспособиме, а потоа уште дополнителни 2 со што цениме дека ќе биде исцрпен целосно капацитетот за во најскоро време Дојранското Езеро да го добие оној изглед којшто заслужува да го добие“ – посочи премиерот во изјава за медиумите.
Тој најави дека на следната седница на Влада ќе биде донесена одлука фабриката за опрема и делови, при склоп на РЕК Битола две од пумпите да демонтира, да ги санира и потоа да ги монтира. За овој зафат инженерите од РЕК Битола потврдиле дека ќе им биде потребно 10 дена за демонтажа и монтажа и тие ќе бидат целосно санирани.
Воедно, се најавува дека со соларни панели за произвоство на електрична енергија Владата ќе ги намали големите трошоци за струја од 2,5 милиони евра годишно за работа на овој систем кај Ѓавото.

ХС „За спас на Дојранското езеро“ кај Ѓавото еднаш го спаси езерото од еколошка катастрофа која го задеси во 1999 година. ХС почна да се гради во 2001 година, а првата вода од цевките до езерото потече во 2003 година. Дваесет години Хидросистемот го полнеше и одржуваше во живот езерото. Сега повторно ќе се спојат ХС кај Ѓавото и Дојранското езеро со воден спој за живот.