Пред да настапи гевгелиска квечерина небото не штедејќи се ги распосла боите на виножитото над Гевгелија за да ја разубави вечерта, за да разнежи ноќта, за да ги сподели сите бои на љубовта.
Уживајте во виќендот со поздравот на гевгелиската Ѕуница!
Oвој феномен на небото се појавува после дожд, кога сончевите зраци се прекршуваат од водетите капки на небото и создаваат спектар од бои. Во Гевгелија не врнеше попладнево, но сводот над Гевгелија покажуваше Виножито во близина, иако тоа е можеби над Дојран, или Беласица.
Еве ја Ѕуница снимена и од други локации низ Гевгелија.
Ова се фотографии испратени од читатели на GevgelijaNet.

