Зголемена раздвиженост на ГП “Богородица” и овој викенд.
Летото уште милува со пријатно сонце за уживање на плажите од Егејот, па туристите летувалци и овој викенд во голем број се упатија на југ кон Грција 🇬🇷 низ ГП “Богородица” кај Гевгелија, Македонија 🇲🇰.
Пред две децении max на дневниот промет на преминот изнесуваше околу 10.000 патници, сега тој максимум е покачен над 25.000 патници.
Придобивка од овој растечки тренд за летувања и патувања е што дел од транзитните туристи гостуваат еднодневно во Гевгелија и се гоштеваат низ гевгелиските угостителски објекти, па и Гевгелија бележи зголемена туристичка посетеност.
Фото: Утринска гужва на ГП “Богородица”