Четиринаесет годишните фудбалски подмладкари на ФК „Кожуф“ Гевгелија, Душан Петров и Стефан Петровски се членови на Македонската фудбалска репрезентација за генерација до 14 годишна возраст, U14.
Тие овој месец, од 19 до 25 август учествува на еднонеделниот камп на Македонската Фудбалска репрезентација U14 што се одржа во Струмица.
Душан и Стефан веќе неколку години тренираат во младите групи на ФК „Кожуф“ – генерација 2011/12 под раководсво на дипломираниот професор по спорт и поранешен фудбалер на гевгелиски „Кожуф“, Трајче Ников, во соработка со други стручни соработници.
Тие беа избрани од селекторот на Македонија за таа возрасна категорија и беа поканети за учество на фудбалскиот репрезентативен камп во Струмица.

– „И двајцата се играчи на ФК „Кожуф“, тренираат од најмали години фудбал. Се надеваме дека во иднина ќе има и повеќе наши играчи во македонските селекции кои ќе ја претставуваат нашата држава, нашиот клуб и нашиот град“, вели за GevgelijaNet гордиот тренер Ников.
Младите фудбалери до сега учествувале на Купот на Детската лига и три пати го освојувале победничкиот трофеј. Учествувале и на меѓународни турнири во Србија, Хрватска, во Грција и секогаш се изборувале за забележителен пласман во конкуренција на играчи од десетици светски земји и подмлаткари на реномирани странски клубови. Сега ќе продолжат да нижат успеси и голови за Македонската репрезентација за генерација U14.
Им посакуваме успешни настапи на зелениот терен во боите на Македонија на нашите најмлади фудбалски репрезентативци од Гевгелија, Душан и Стефан! СРЕЌНО!