Два дена Гевгелија пулсираше со пинг-понг палките и таблите на кои 74 натпреварувачи од Македонија, Србија, Турција, Босна и Херцеговина, Бугарија и Албанија се натпреваруваа за престижниот победнички пехар.
Најуспешен и најумешен во тоа беше Никола Михајловиќ од Бања Лука, Босна и Херцеговина кој го освои победничкиот пехар и парична награда од 200 Евра, обезбедени од организаторот на Меѓународниот пинг-понг турнир „Gevgelija Оpen“.
Останатите пласмани се следниве:
24.08.2025 Open турнир
🥇Никола Михајловиќ 🇧🇦 – (БиХ)
🥈Драган Џорџевич 🇷🇸 – (Србија)
🥉Sina Keyhan 🇮🇷
🥉Драган Јовиќ 🇷🇸 – (Србија)
5 Амелија Уце Николов 🇲🇰 (Македонија)
5 Бранислав Миленковиќ 🇷🇸 – (Србија)
5 Борче Талевски 🇲🇰 – (Македонија)
5 Игор Живковиќ 🇷🇸 – (Србија).

Претходниот ден во саботата во спортската сала „26 Април“ се одржаа натпревари во 4 различни категории: Македонски турнир, турнир во двојки, турнир за јуниори У19 и турнир на Црвен крст Гевгелија. Еве ги пласманите:
23.08.2025 Македонски турнир 🇲🇰
🥇 Сашо Љамов – ППК „Радовиш“
🥈 Борис Секулов – ППК „Астраион“
🥉 Горазд Ристевски – ППК „Студент“
🥉 Филе Матевски – ППК „Вардар“

23.08.2025 Doubles Open
🥇🥇 Младеновски & Уце
🥈🥈 Секулов & Милев
🥉🥉 Јакимовски & Васевски

23.08 Juniors U19 open
🥇 Андреј Васевски [ Куманово ]
🥈 Јаков Јакимовски [ Куманово ]
🥉 Дамјан Петровиќ [ Дебар Мало ]
🥉 Kuzey Mehmet Alev 🇹🇷- (Турција)

Турнир – Црвен Крст Гевгелија
🥇Борче Станков
🥈Ѓорге Бојмалиев
🥉Кристијан Бојмалиев
🥉Ристе Бојчев

Организатор на спортскиот настан е пинг-понг клубот „Гевдион“ од Гевгелија.
Честитки за медалоносците, за победниците и за севкупната организација!