Царинските инспектори од Одделението за оперативни работи спречија обид за криумчарење на наркотични средства.
На 25.08.2025 година, на граничниот премин Богородица – патнички при извршена контрола со царинско куче на германско патничко моторно возило комбе, со кој за влез во државата се пријавиле двајца германски државјани биле пронајдени наркотици во женска чанта на сопатникот.
При извршениот детален преглед, пронајдени се три пластични епрувети завиткани во хартиено марамче наполнети со прашкаста материја во бела боја кокаин, во чантата била пронајдена и една алуминиумска фолија во која била завиткана материја од растително потекло со зеленкаста боја и карактеристичен мирис марихуана како и 33 парчиња капсули во рефусна состојба исполнети со бела прашкаста материја од групата стероиди.
Пред да и биде извршен личен претрес од џебот извадила уште шест пластични епрувети наполнети со прашкаста материја со бела боја кокаин, спакувани во прозирна зипер кесичка кои ги фрлила на земја.
Предметот е даден за вештачење во МВР Оддел за форензички испитувања, а против осомничената e поднесена кривична пријава за сторено кривично дело “Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“ казниво по член 215 од КЗ.
Според КЗ, возилото кое е употребено за вршње на криминални дејствија се запленува, а осомничената ќе одговара по итна постапка пред ОЈО Гевгелија.
Фото: Царинска Управа на РМ