Новак Ѓоковиќ уште еднаш ги помести границите во тенисот и обезбеди полуфинале на УС Опен, совладувајќи го Тејлор Фриц со 3:1 (6:3, 7:5, 3:6, 6:4). Во борба за финале, српскиот ас ќе игра против Карлос Алкараз, кој исто така доминантно стигна до завршницата.
Со овој успех, Ѓоковиќ стана најстариот тенисер што во една сезона успеал да игра во сите четири полуфиналиња на гренд слем турнирите. Тој подвиг добива уште поголема тежина ако се потсетиме дека токму Новак во 2008 година стана и најмладиот тенисер со вакво достигнување.
Вака со танц за публиката Ноле го започна мечот за полуфинале:
Српскиот тенисер ја исполни желбата – да победи на денот кога неговата ќерка Тара го слави роденденот.
Со оваа победа, Ѓоковиќ го израмни рекордот на легендарниот Џими Конорс со 14 полуфиналиња на US Open.
Погледнете колку е тешко да се одбраниш од нападите на Ѓоковиќ:
Со 24 гренд слем титули во својата богата колекција, Ѓоковиќ покажува дека уште има сила да освои нови трофеи. Дали во Њујорк ќе дојде и до 25-тиот?
На прес конференција после победата Новак изјави дека до крајот на неделата има намера да им ги помрски плановите на сите (кои го пикираат трофејот на УС Опен, а Ѓоковиќ го сметаат за стар играч што ќе го надиграат). Но, да видиме, светскиот АС не се дава!