И двајцата се носители на медали во атлетски повеќебој на Републичките спортски игри за лица со телесен инвалидитет – Тамара е првак за 2024 и 2025 година, Никола е првак и вицешампион 9 години по ред, и двајцата се носители на медали од Интернационален атлетски повеќебој, и двајцата се членови на „Мобилност“ Гевгелија.
Неприкосновени се во достигнувањата во категориите фрлање диск, копје и ѓуле. Рушат рекорди, сопствени и државни, освојуват медали.
Денеска тргнаа по медали на Атлетски Европски митинг за пара атлетичари во Загреб, Хрватска. Никола и Тамара се единствените претставници од Македонија, заедно ја составуваат двочлената пара-атлетска репрезентација на Македонија за ЕУ натпреварот во Загреб. Сигурни се во себе, подготвени се за успех. и достојно претставување на Македонија.
Две недели тренираа во спортските дисциплини за кои се пријавени на Европскиот пара атлетски митинг: фрлање копје и фрлање диск, на терените на Негорски бањи кај Гевгелија.
Натпреварите започнуваат од утре, 4 септември.
СРЕЌНО за нашите пара атлетски рекордери!
Среќен пат и Ве очекуваме со нови медали!



