Македонските репрезентативци Никола Пеев и Тамара Гошева, од „Мобилност“ Гевгелија на првиот натпреварувачки ден од Меѓународниот параатлетски митинг „Загреб Опен 2025“ освоија четири подиуми и четири пехари.
И двајцата се натпреваруваа во две дисциплини: фрлање диск и фрлање копје. И во двете дисциплини освоија пехари.
ДВЕ ПРВИ места за Македонија освоија Никола и Тамара во дисциплината фрлање копје.
– Тамара Гошева постигна резултат од 17,68 метри, а
– Никола Пеев постигна резултат од 24,77метри.
И двајцата беа наградени со победнички пехар од организаторот на МПАМ „Загреб Опен 2025“.


Во дисциплината фрлање на диск:
– Тамара Гошева настапи во конкуренција на пет натпреварувачки и го освои второто место со резултат од 17,72 метри, додека
– Никола Пеев со резултат од 23,28 метри го освои третото место.
Домаќинот на натпреварот не додели медали на учесниците по дисциплините, туку пехари за највредните 5 постигнати резултати во машка и женска конкуренција според Раза таблицата на Светската параатлетска федерација.

Меѓународниот параатлетски митинг „Загреб Опен 2025“ започна вчера 4 септември и на првиот натпреварувачки ден репрезентативците на Македонија, Никола Пеев од Стојаково и Тамара Гошева од Валандово, членови на ЗГ „Мобилност“ Гевгелија освоија 4 пехари од кои два победнички.
На параатлетскиот митинг покрај домаќинот Хрватска, учествуваа и спортисти од Македонија, Србија, Словенија и Босна и Херцеговина.
Македонските параатлетичари, Тамара Гошева-Ф46 и Никола Пеев-Ф36, во Загреб беа придружувани од селекторот Крсто Серафимовски и претседателот на Македонскиот Параолимписки Комитет Бранимир Јовановски.

Честитки за нашите победници и освојувачи на 4-ри пехари!