Синоќа светот беше сведок на астрономска појава – целосно затемнување на Месечината познат како „крвава месечина“.
Ова беше најдолгото целосно затемнување од 2022 година кое траеше еден час и 22 минути.
Феноменот се случува кога Земјата се наоѓа точно меѓу Сонцето и Месечината. Наместо да исчезне, Месечината добива црвенкаст сјај, затоа што долгите црвени бранови успеваат да поминат низ атмосферата, додека пократките сини бранови се расфрлаат – ист механизам што го бојадисува небото црвено при зајдисонце.
Вакво беше доживувањето на феноменот на небото над Гевгелија:
Вака ја регистрираше „крвавата Месечина“ гевгелискиот мајстор на фотографијата Гоце Тасевски:
Вака инспиративно ја доловуваа крвавата Месечина и други автори, како Ангело Николовски.
Последното целосно затемнување на Месечината се случи во ноември 2022 година и траеше 85 минути.
Следно астрономско изненадување ќе се случи на 21 септември, кога ќе биде видливо делумно затемнување на Сонцето. Овој пат појавата ќе биде видлива од Нов Зеланд, Антарктикот, неколку пацифички острови и тесен појас на источниот брег на Австралија.