Синоќешниот неделен ден кога светот се воодушевуваше на феноменот „Blood Moon“, а романтичарите уживаа, некои не можеа да ги скротат своите брачни недоразбирања и се приклонија кон насилство.
Таков беше случајот со 43 годишен жител на Богданци кој ја нападнал својата брачна партнерка, а инцидентот е пријавен после 23 часот во Полициската канцеларија Богданци.
Во полицискиот извештај е наведено дека:
– „На 07.09.2025 во 23:15 часот во Полициската канцеларија Богданци, 35-годишна жена од Богданци пријави дека околу 21:40 часот во угостителски објект во Богданци била физички нападната од нејзиниот сопруг К.Т.(43) од Богданци, со кого се во бракоразводна постапка“ – известуваат од МВР.
За настанот е известен јавен обвинител од ОЈО Гевгелија и се преземаат мерки за расчистување на случајот.