Денес е 8 Септемрви, ден кога Македонија ја празнува својата НЕЗАВИСНОСТ!
Пред 34 години, на референдум, македонските граѓани со мнозинство гласови од 96,46% изгласаа самостојна, суверена и независна Македонија.
На референдумот му претходеше Декларација за независност што првиот повеќепартиски македонски Парламент ја усвои на 25 јануари 1991 година. Формално волјата на народот за самостојна држава беше потврдена со Декларација за прифаќање на референдумските резултати на 18 септември 1991 во Собранието на Република Македонија.
Во 1993 година Македонија беше примена како 181-ва полноправна членка во асамблеата на Обединетите нации.
Веднаш по објавувањето на првичните резултати, кога беше јасно дека граѓаните во огромен процент ја поддржале самостојноста на земјата, беше организирана голема и незаборавна прослава!
Ова е моментот на прогласувањето на независноста на Македонија, пред илјадниот народ насобран да ја чуе историската вест за своја независност, на плоштадот „Македонија“ во Скопје, 8 септември 1991 година.
View this post on Instagram
Сакана, сончева, слободна Македонија!
Биди ни’ вечна Татковино!