Четворочлен тим од АК „7 Ноември“ од Гевгелија викендов учествуваше на трка во Гуменица, Грција и од настапот во две дисциплини освоија четири подиуми, четири медали и трофеи за својот постигнат резултат.
Доминацијата на јужњаците од Гевгелија на атлетската патека во Гуменица ја изведоа:
– Максим Ангов со освоено ПРВО место 🥇 на детската трка
– Томче Петков – ВТОРО место и медал 🥈 (детска трка)
– Ана Бегова – ВТОРО место и медал 🥈 (во конкуренција девојчиња)
– Тоше Анчев – ТРЕТО место и медал 🥉

Максим, Томче и Ана настапија на детската трка во должина од 1,1 километар и сите тројца понесоа медали и трофеи од организаторот.
Нивниот тренер и ментор Тоше Анчев, раководител на „Школата за атлетика“ за деца при АК „7 Ноември“ во Гевгелија настапи на трката од 10,5 километри за сениори и освои ТРЕТО место, медал и трофеј.

Дел од тренерскиот труд и успехот на децата е заслуга и на Влатко Семенаков кој заедно со Анчев ја формираа и тренираат млади атлетски сили во „Школата за атлетика“:
Ова е голем успех за децата од „Школата за атлетика“, оправдано ќе речеме и очекуван успех, зошто секаде каде што учествуваат на атлетските настапи до сега успеваат да се искачат на подиум со забележителни постигнати резултати на атлетските стази.
Браво деца! Браво за „Школата за атлетика“ која негува млади атлетски шампиони од југот!
