сабота, 20, септември 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ИНТЕРВЈУ

Интервју со Магдалена Јованова, претседател на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија

За планинарскиот спорт во Гевгелија и 73 годишниот растеж со ЗПСК „Кожуф“

септември 19, 2025
in ИНТЕРВЈУ
Интервју со Магдалена Јованова, претседател на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија
0
SHARES
307
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Гевгелија е град со долга спортска историја, со еден од најстарите фудбалски клубови во државата столетниот ФК „Кожуф“, а зад него по активност и спортско опстојување е Планинарскиот клуб „Кожуф“ формиран во далечната 1959 година, а пред неполна деценија пререгистриран во Здружение Спортски планинарски Клуб „Кожуф“.
За почетоците на оваа планинарско друштво, уште од минатиот век, зборуваме со Магдалена Јованова, претседател на ЗПСК „Кожуф“ избрана оваа година со доверба од членовите на Собранието на клубот.

GevgelijaNET: Mагдалена, Вие сте млада за да сведочите за формирањето на планинарскиот клуб „Кожуф“ пред 73 години, но секако сте го почувствувале спортскиот елан на членовите на ЗПСК „Кожуф“, па би сакале да ни’ пренесете како ја доживувате таа спортска истотија како млад планинар и со кои мотиви започнала оваа спортска приказна на планинарите од „Кожуф“?

Related posts

Ристо Божинов: Од љубовта кон ФК „Кожуф“ имам морална обврска да реагирам за инцидентот со „Башкими“

Ристо Божинов: Од љубовта кон ФК „Кожуф“ имам морална обврска да реагирам за инцидентот со „Башкими“

мај 7, 2025
ВИДЕО: Јован Насев (7 год.) од Гевгелија е играч на Академија АЕП ПАОК од Грција

ВИДЕО: Јован Насев (7 год.) од Гевгелија е играч на Академија АЕП ПАОК од Грција

март 25, 2025

Магдалена Јованова: Здружението Планинарски Спортски Клуб (ЗПСК) Кожуф – Гевгелија своите почетоци ги бележи уште во 1952 година, кога е формирано како Планинарско Друштво „Кожуф“. Главниот мотив бил да се развива и унапредува физичката култура и да се поттикне љубовта кон планината како посебна форма на масовна физичка активност. Во 2018 година, клубот е пререгистриран и усогласен со Законот за спорт и актите на Федерацијата за планинарство на Северна Македонија (ФПСМ), добивајќи го денешниот назив – Здружение Планинарски Спортски Клуб „КОЖУФ“ Гевгелија.

GevgelijaNET: Како изгледала организацијата на планинарските акции во минатото и која свежина ја носите Вие и новите членови на клубот, во новото време на комуникација што ја овозможува интернетот?

Магдалена Јованова: Во минатото, акциите се планирале и најавувале претежно преку редовни средби и телефонски договори. Денес, благодарение на модерната технологија, информациите за настаните се споделуваат преку социјални мрежи, групни пораки и официјални канали, што овозможува побрза комуникација, поголема транспарентност и полесна координација. Ова доведе до поголема вклученост на членови од различни возрасти и искуство.

ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија на една од своите бројни акции

GevgelijaNET: Како функционира клубот денес – од организациски и логистички аспект?

Магдалена Јованова: Денес клубот функционира врз основа на јасно утврдена организациска структура. Органите на клубот вклучуваат Извршен одбор кој донесува одлуки и ги застапува интересите на сите членови. Активностите се организираат според однапред усвоениот Годишен календар на планинарски акции, а финансирањето се обезбедува преку годишна членарина од членовите, средства од конкурси на Општина Гевгелија и финансиска поддршка од Федерацијата за планинарство на Северна Македонија.

GevgelijaNET: Колку членови брои клубот во моментов и каков е нивниот профил (возраст, интереси)?

Магдалена: ЗПСК „Кожуф“ е клуб со отворен карактер, каде членуваат луѓе од сите возрасти – од деца и млади љубители на авантури, до повозрасни ентузијасти. Секој член самостојно избира на кои акции да учествува, со оглед дека секоја тура има различна тежина и бара соодветна физичка подготвеност. Во моментот имаме 134 членови, од кои 100 над 18 години.

Планинарска колона предводена од членови на ЗПСК „Кожуф“

GevgelijaNET: Кои се најзначајните планинарски акции што ги организирате во текот на годината?

Магдалена Јованова: Најпознати се традиционалните тури по планината Кожуф, акциите на национално ниво во соработка со други клубови, како и учества на државни собири и меѓународни искачувања. Особено се издвојува инклузивното планинарење, кое добива сè поголемо внимание.

Покрај редовните планинарски акции, клубот организира и истражувачки акции на Кожуф планина, со цел извидување, расчистување и одбележување на нови планинарски патеки. Исто така, редовно земаме учество на Натпреварите во ориентација во сите категории – скоро секогаш во Ветерани, Сениори, а оваа година за прв пат и во Јуниори. Овие активности ни’ овозможуваат да ги комбинираме спортот, истражувањето и развојот на вештини за ориентација.

Магдалена на врвот Кончето, Пирин планина

GevgelijaNET: Покрај планинарењето Вашите членови често се присутни и на акции и активности од други спортски друштва во Општина Гевгелија, хуманитарни организации, црвен крст. Дали покрај спортот со ваквата вклученост се трудите да оставите белег на општествено корисно друштво на членови, планинари, спортисти, хуманитарци? Дали е тоа дел од календарот на активности на клубот?

Магдалена Јованова: Покрај планинарските тури, клубот организира едукации за безбедност, ориентација и екологија, хуманитарни акции, чистење на патеки и активности за промоција на здрав начин на живот.

Потоа, редовно организираме еколошки акции за чистење на планински патеки и активно учествуваме на секоја акција за пошумување. Покрај тоа, клубот дава значителна поддршка на Инклузивната Трка, која се одржува во рамки на „November Run“ Гевгелија, како дел од нашата заложба за вклучување на сите и промоција на активен и здрав начин на живот.

Ние бевме први кои ја воведовме иницијативата „Инклузивно планинарење“ во државата. Тоа е наша мисија, заеднички со Фондација Ице Бегов, со која сакаме секој, без разлика на физичките можности, да ја почувствува убавината на планината. Со помош на водичи и волонтери овозможуваме патеки и услови што се безбедни и пристапни за сите.
Посебно сме горди што во нашиот планинарски дом сега постои и првиот пристапен тоалет за лица со попреченост во државата, симбол на нашата посветеност на еднаквоста и заедништвото.

Овој концепт ги поместува општествените бариери, гради свест за еднаквост и заедништво, и им овозможува на учесниците – без разлика на физичките способности – да ја почувствуваат слободата и убавината на планината.

Потоа, овде спаѓа и акцијата „Родители и Деца“ која е препознатлива. Акцијата е создадена за да ја поттикне љубовта кон природата кај најмладите и да ја зајакне врската меѓу генерациите преку заеднички активности. Нејзината најголема вредност е во семејното дружење и пренесувањето на планинарската култура на децата. Секоја нова акција носи радост и насмевки кај децата кои уживаат во убавините на природата, а интересот постојано расте.

Планинарски новитет – акција „Родители и деца“ воведена од ЗПСК „Кожуф“ – ден без мобилни телефони

GevgelijaNET: Што е потребно од еден човек за да стане планинар – психички, физички и технички подготовки?

Магдалена Јованова: За да стане планинар, човекот треба да развие комбинација од психички, физички и технички способности. Психички, потребна е упорност, трпение и љубов кон природата, како и способност да се соочи со предизвици и непредвидливи ситуации. Физички, потребна е добра кондиција, издржливост и способност за движење по различни терени. Технички, важно е да се стекнат знаења за ориентација, користење на опрема, безбедност на планинските патеки и основни први помошни вештини.

GevgelijaNET: Како може некој што сака да се приклучи да стане дел од ЗПСК Кожуф?

Магдалена Јованова: Секој љубител на природата може да се приклучи во ЗПСК Кожуф, со тоа што претходно треба да се информира за видот на акцијата и да процени дали таа одговара на неговата физичка подготвеност. Клубот организира редовни состаноци секој понеделник и четврток во 20 часот, на кои заинтересираните можат да добијат информации и да се запознаат со активностите. Дополнително, контактирањето е можно и преку нашата официјална Facebook страница, каде редовно ги објавуваме сите најави и детали за претстојните тури.

За членство е доволно да се јави во клубот, да уплати годишна членарина и да учествува на акциите според своите можности. Нема строги ограничувања – клубот е отворен за сите љубители на природата.

GevgelijaNET: Дали има почетни обуки или програми за новите членови?

Магдалена Јованова: Во клубот немаме формална програма за почетници, но редовно организираме полесни планинарски акции кои се идеални за луѓе што штотуку почнуваат. На тие тури новите членови можат постепено да стекнат искуство, да ја почувствуваат атмосферата и да ја изградат потребната физичка подготвеност.

Дел од акциите се меѓународни, со членови од соседните земји

GevgelijaNET: Кои се најубавите моменти и најголемите предизвици што ги имате доживеано како претседател на клубот?

Магдалена Јованова: Најубавите моменти секогаш се врзани со заедничките искачувања, новите пријателства и чувството на триумф кога ќе се реализира голема акција. Само оваа година зад нас се повеќе од 50 успешно реализирани акции, меѓу кои и искачувања на највисоките врвови во Црна Гора и Словенија, како и неколку големи предизвици во Бугарија и Грција – секоја од нив носи своја неповторлива енергија и гордост.

Како долгогодишен член на клубот и повеќе од четири години дел од Извршниот одбор, длабоко ја разбирам неговата внатрешна динамика и знам како да ја продолжам и унапредам работата што со децении се гради со љубов и посветеност. Нашиот клуб е стар, со богата историја и вкоренета традиција, а мојата улога како претседател е пред сè да ја надградувам таа работа и да внесувам нова енергија.

Во клубот сме како едно семејство, што ја прави секоја активност полесна, посрдечна и посилна. Најголемите предизвици се одржувањето на тој континуитет и инспирирањето на новите генерации да ја откријат и негуваат убавината на планинарството – предизвик достоен за секој труд.

Магдалена на врвот Кајмакчалан

GevgelijaNET: Какви се вашите планови и визии за иднината на клубот, особено во блиска перспектива?

Магдалена Јованова: Продолжуваме со истото темпо, како во земјата, така и надвор од неа. За 2026 година имаме планирано редовни активности, вклучувајќи три главни марша, неколку акции „Родители и Деца“, Инклузивно планинарење, како и камп за млади. Покрај тоа, планираме и меѓународни акции во Грција, Бугарија, Србија и Романија, со можност и за Италија. Нашата цел е да продолжиме да развиваме клубот, да промовираме здрав и активен начин на живот и да шириме љубов кон планинарството на пошироко ниво.

GevgelijaNET: Со кој збор или мисла би сакале да го завршите ова интервју за сите љубители на природата и планинарењето?

Магдалена: Природата нè повикува – одете, истражувајте и уживајте! Секој чекор во неа е инвестиција во вашето тело, ум и срце!


Последните три фотографии со нашата соговорничка во интервјуто, Магдалена, се од албумот на ЗПСК „Кожуф“ и акциите изведени на Олимп и нашата преубава Кожуф планина

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

OВР Гевгелија: Поднесена Кривична пријава против жител на Богданци

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Петок е неработен ден за сите граѓани

Петок е неработен ден за сите граѓани

2 години ago
Давидовчани најсложни и најбројни во заедничкото славење на Стара Нова Година и Василица

Давидовчани најсложни и најбројни во заедничкото славење на Стара Нова Година и Василица

8 месеци ago
Во Гевгелија наврна 24 l/m2 воден талог за 24 часа

Во Гевгелија наврна 24 l/m2 воден талог за 24 часа

10 месеци ago
„Засегогаш со нас“ – Втор меморијален концерт на КУД „Негорци“

„Засегогаш со нас“ – Втор меморијален концерт на КУД „Негорци“

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Интервју со Магдалена Јованова, претседател на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија
  • OВР Гевгелија: Поднесена Кривична пријава против жител на Богданци
  • Започнува со работа новото Kazzino Mozzart – автомат клуб во Гевгелија!

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Интервју со Магдалена Јованова, претседател на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија

Интервју со Магдалена Јованова, претседател на ЗПСК „Кожуф“ Гевгелија

септември 19, 2025
OВР Гевгелија: Поднесена Кривична пријава против жител на Богданци

OВР Гевгелија: Поднесена Кривична пријава против жител на Богданци

септември 19, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist