ОВР Гевгелија поднесе една кривична пријава против Б.С.(50) од Богданци поради посотење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“, „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“.
На 09.09.2025 на бензинска пумпа во близина на Граничен премин Богодродица, пријавениот со остар предмет упатил закани кон Г.К.(46) од с.Прдејци. Подоцна, при претрес во неговиот дом во Богданци е пронајдена и одземена марихуана, предмети со остатоци од прашкаста материја, пиротехнички средства, пиштол „Екол“ 9мм и патрони за маневарска муниција.
Кривичната пријава е доставена за надлежно постапување до ОЈО Гевгелија.