Во пресрет на празникот Рождество на Пресвета Богородица, или познат кај народот како Мала Богородица, вечерва во истоименото гевгелиско село се одржуваат празнични чествувања во организација на Црвката „Рождество на Пресвета Богородица“.
Со бројни гости и поклоници вечерва се изврши вечерна служба со благословување на празничните колаци за славениците кои имаат домашна слава.
Ова е празник за цела Богородица, ја слават сите жители, а куќите се широко отворени за честитки од мили гости.

Денеска сите патишта и посети водат кон селската црква каде после црковната служба е послужен празничен ручек за сите посетители и славеници.

Свечените одележувања беа надополнети со настап на КУД „Негорци“ од Негорци со изведба на нивните кореографски точки од богатата македонска фолклорна ризница.

Утре, недела во црквата во Богородица ќе се изведе Света Божествена Литургија, а потоа ќе се изврши и мал водосвет, за здравје, за мир, за благород на вредните домаќини од Богородица.
Нека е честит празникот и патронот на ова познато гевгелиско населено место, најужното село Богородица, нека е на помош милоста на пресвета Богородица!
