Неуморните и непоколебливи љубители на автомобилските олд тајмери, а особено на „Reno 4“ двоецот Ѓорѓи Николов и Џоко Шуклев од Стојаково со трета авантура на „Reno 4“, овој пат на саемска презентација до Италија.
Од 19 до 21 септември тие учествуваат на глобален Рено 4 фестивал во Тоскана, Италија, каде изложија не еден туку два автомобила „Reno 4“ стари половина век, имаат сина младолика боја, се сјаат на сонцето со регистарски таблички од Гевгелија, Македонија со ознака GE – MKD.

Ги знаете Ѓорги и Џоко од нивните претходни авантури:
– Во 2018 година поминаа 4500 километри со Рено 4 старо 40 години, за да учествуваат на саем на олд тајмери во Ница, Франција.
– Во 2019 година возеа 23.000 километри од Стојаково до Пекинг, со истото Рено 4 старо 41 година, без климатизација, без GPS, без автоматски удобности…
Во 2020 година се подготвуваа да ја извозат рутата 68 во САД, најдолгиот пат од 900 километри во САД, наречен „Сценски автопат“ низ целиот Кентаки, но оваа акција не ја реализираа, се уморија спонзорите, се активираа завид’лците за нивната преголема полуларност, тие двајцата стопираа со авантурите. Во 2021 ги запре ковид пандемијата и еве ги повторно… Неуморниот дух на авто љубителите на долги патеки и олд тајмери не може да мирува, па кој сака нека мрчи.
Годинава, после шест години пауза од авантурите на стојачкото Рено 4, Ѓорги и Џоко се во нова авантура:
– „Овој пат, проширени и надградени со уште едно Рено 4 🚙 и уште двајца членови на екипажот отидовме на собир во Италија на глобален рено 4 фестивал, каде гордо ја претставуваме Македонија 🇲🇰.
Поздрав од Ѓорѓи, Џоко и двајцата нови членови Пепи и Трајче!“ – испраќа поздрави Ѓорги Николов од Тоскана.
Уште со остварувањето на првата авантура Николов и Шуклев докажаа дека не постојат невозможни потфати. Олдтајмерот од 1978 година беше реставриран два месеца, а потоа можеше да вози без проблем и со 100 километри на час. Возилото од Стојаково доби ВИП-третман и привлекуваше повеќе туристи, отколку луксузните автомобили на Азурниот брег.
Ѓорги и Џоко се двајца колеги, сограѓани, другари по љубовта кон автомобилите и заеднички ја остваруваат својата авто пасија, да сјаат и возат по патиштата со автомобилска историја стара половина век и да докажат дека не е се во убавината, туку и во истрајноста, одржувањето, перфектната мајсторија на старите производители од минатиот век. Ова е нов век, нови модели, нова механизација, електроника, автоматика, но возилото од минатото во рацете на двајцата пасионирани возачи и мајстори Ѓорги и Џоко преде како маче по патиштата, и сјае на сонцето како насмевките на Ѓорги и Џоко додека го возат задоволно.
СРЕЌНО и денеска на последниот саемски ден во Тоскана!
Среќен повраток дома во Стојаково со популарното „Рено 4“, овој пат во дабл издание!



