ЛИНК за АПЛИКАЦИЈА – Стиснете на сликата од Банерот ГОРЕ – „ЛИДЛ вработува!“
Компанијата „ЛИДЛ“ која поседува ланец на маркети низ светот, се шири во Македонија и деновиве побарува лица за позициите „Заменик менаџер на маркет“ во повеќе градови. За предизвиците што ги носи ова работно место, за работната средина, кариерното напредување, придобивките и сл. еве што нагласуваат од компанијата Л„ИДЛ“
„Ние во Лидл веруваме дека сѐ што е добро, може да биде уште подобро! Затоа никогаш не запираме со надоградување и заедно растеме и се развиваме. Како интернационална компанија, нашите вработени се срцето на нашиот #teamlidl, а нашите корпоративни вредности и култура каде секој се чувствува свој нѐ обединуваат и прават посилни – ширум сите Лидл земји! Стани и ти дел од нашиот тим!
Нашите заменици менаџери на маркет им овозможуваат на нашите потрошувачи уникатно искуство во пазарењето по кое Лидл е познат во над 30 земји! Како заменик менаџер на маркет ќе имаш шанса да се усовршуваш во успешно водење на еден тим кон заедничка цел, како и да ги подобруваш активните процеси кои се одвиваат во еден маркет. Ќе бидеш одговорен за организација на текот на работата, нарачки, прием и управување со залихи, редење и сортирање на производи, планирање на работното време и постигнување на резултати заедно со менаџерот на маркет.
Твои задачи
Водење на вработените во отсуство на Менаџерот на маркет
Организација на текот на работа, делегирање задачи и спроведување на контрола
Креирање позитивна и мотивирачка работна атмосфера и соработка
Одржување на свежина, контрола на квалитет и редовна ротација на производи
Обработка на барања и поплаки од потрошувачи
Обезбедување достапност на залихи и управување со залихите
Спроведување на промени на цени и попусти и управување со готовина
Усогласеност со важечките закони и интерните регулативи
Твој профил
Завршено средно образование
Претходно работно искуство во малопродажба е предност
Одлични организациски и комуникациски вештини
Способност за работа во динамично опкружување
Ориентираност кон резултати и решавање на проблеми
Возачка дозвола – Б категорија (активен возач)
Подготвеност за обука и работа во странство во период од 7 до 10 месеци
Што нудиме
Работа во интернационална средина со многу можности за учење, раст и развој
Можности за обука во странство
Стимулативна работна средина и одлична организациска култура
Атрактивен компензациски пакет
Приватно здравствено осигурување
FitKit месечен буџет
Пакет за добредојде на новите вработени
* Оваа позиција вклучува обука во странство во период од максимум 7 до 10 месеци
Нашите бенефиции!
Ова се нашите бенефиции во Лидл!
– Стимулативна работна средина
– Работа во интернационална средина
– Активен компензациски пакет
– Обуки- Можност за континуиран личен и професионален развој
– Гчлобална мобилност
– Кариерен развој (градиме кариера на иднината)
Заинтересираните можат слободно да аплицираат.
ЛИНК за АПЛИКАЦИЈА – Стиснете на сликата од Банерот ГОРЕ – „ЛИДЛ вработува!“



















