Трката на бои „ЗЕГИН спектатрон“ се одржа за прв пат во организација на фармацевтската компанија „Зегин“ од Скопје, а на истата достојно се претставија и гевгелиските атлетичари, вкупно 17 на број од кои 9 беа деца, членови на атлетската школа на АК „7 Ноември“ Гевгелија.
Најзабележителен резултат имаа долгостазните атлетичари, Тоше Анчев и Влатко Семенаков, кои трчаа на траса од 10 км, 2 х 5 километри штафетно и освоија ВТОРО место во многубројната конкуренција која вчера зеде учество на трката на боите во Скопје. Дома се вратија со два себрени медала.
Останати учесници беа, на 10 km: Прошевски Дарко кој постигна најдобро време од останатите гевгелиски атлетичари на оваа траса пристигнувајќи 13-ти на целта, а следуваат Цветков Орце и Коцевски Игор.
На трката од 5 км настапија: Ковачев Никола, Петков Живко и Крстовски Илиоски Борче.
Вака масовно и оптимистички беше на СТАРТОТ од трката:
На детската трка настапија:
На траса од 150 метри настапија деца од 7-9 години: Семенаков Костадин, Мими Бичанин и Борис Николов.
На траса од 300 мести трчаа деца од 8-10 години: Петков Томче, Бегова Ана и Семенаков Горан.
На траса од 500 метри настапија деца од 11-13 години: Максим Ангов, Петкова Сани и Каракабаков Антонио.
Децата освоија ПЕТ ПОДИУМИ, три ПРВИ и две ТРЕТИ места на трките посветени на најмладите, децата.
На 500 m „Зегин спактратрон“ Скопје освоени се>
1. ПРВО место – Антонио Каракабаков
2. ТРЕТО место – Максим Ангов
На трката 300 метри за деца од 8-10 год. подиум освои:
1. ТРЕТО место – Ана Бегова – категорија девојчиња 8-10 години
На најкратката траса од 150 метри, трката за најмалите од 7-9 години подиуми освоија:
1. ПРВО место – Мими Бичанин
1. ПРВО место – Борис Николов
Трката се одржа вчера, 9 јуни, по многу топло време.
Куриозитет е тоа што овие 17 гевгелиски атлетичари учествуваа заедно со уште 33 атлетичари на трките за Рацин во Велес, истиот ден. За еден ден оваа армија од атлетичери од Гевгелија донесоа дома 15 медали за освоени најдобри времиња, први, втори и трето освоени подиуми на спортската сцена во Скопје и Велес.
БРАВО за сите!!!
Освоени 8 подиуми од гевгелиските атлетичари на „Трчаме за Рацин“ – Велес