Два златни, два сребрени и еден бронзен медал е спортскиот дострел на тимот на „Мобилност“ Гевгелија на одржаните 36 -ти Републички спортски игри на лицата со телесен инвалидитет.
Двете златни медала ги понесоа првакињите:
1. Тамара Гошева од Валандово – за освоено прво место во атлетски повеќебој (фрлање копје, ѓуле и диск) во категорија жени, стоење Ф37 Ф42-46 и општа, и
2. Никола Пеев од Стојаково – златен медал за освоено прво место во категорија атлетски повеќебој (фрлање копје, ѓуле и диск) мажи, стоење категорија Ф36-38 Ф42-44 и општа.
Сребрен медал освоија:
1. Александар Талески од Дојран – освоено второто место, категорија атлетски повеќебој (фрлање копје, ѓуле и диск) мажи, стоење категорија Ф36-38 Ф42-44 и општа.
2. Даниела Гошева Кангов од Гевгелија – освои второ место во атлетски повеќебој (фрлање копје, ѓуле и диск) категорија жени, седење Ф54-57
Бронзен медал за освоено трето место понесе:
1. Благица Ѓоргиевска од Валандово – бронзениот медал во категорија атлетски повеќебој (фрлање копје, ѓуле и диск) категорија жени, седење Ф54-57.
Ова се годинашниве спортски достигнувања на веќе докажаната тимска екипираност на „Мобилност“ Гевгелија со своите активности, спорт и рекреација да го одржуваат своето здравје, но и да носат медали за спортските достигнувања во конкуренција на државно и меѓународно ниво.
Им честитаме на медалистите, на победниците и на сите учесници за вложениот труд спортски достојно да ја претстават Гевгелија и на терените на Охрид и Струга во конкуренција на членови на „Мобилност“ од целата држава!!!