понеделник, 18, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ТППЕ Гевгелија со три интервенции за гаснење пожар во еден ден

Гореше во Богданци во полето крај стариот пат Богданци-Стојаково, гореше шумата кај Кованец, се отиде на помош на ТППЕ Неготино во гаснење на големиот пожар во областа Пепелиште, се' во еден ден на пеколни +40 степени

јули 13, 2024
in ФОКУС
ТППЕ Гевгелија со три интервенции за гаснење пожар во еден ден
0
SHARES
313
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Сувата вегетација, топлото време и раздвиженоста на луѓето, невнимателно палење на оган на отворено се фактор за појава на пожари на отворен простор во ова летно време. Тоа најдобро го знаат и чувствуваат пожарникарите кои мораат со полна опрема да се приближат до огнот и да започнат акција за гаснење.

Такви интервенции пожарникарите од ТППЕ Гевгелија вчера имаа дури три во еден ден: гореше во Богданци во полето крај стариот пат Богданци-Стојаково, гореше шумата кај Кованец, се отиде на помош на ТППЕ Неготино во гаснење на големиот пожар во областа Пепелиште.

Related posts

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

август 16, 2025

Денешниот извештај гласи: пожарот кај Богданци е ликвидиран во текот на вчерашниот ден, пожарот кај Кованец е локализиран, шумскиот пожар кај Неготино со воздухопловната поддршка од Хеликоптерската единица од МВР изгаснаати се опасните краци на пожарот.

  • „ТППЕ Гевгелија најпрво интервенираше на пожарот во Богданци со 2 ПП возила, едно теренско возило и 8 пожарникари. Тоа беше во 11 часот. Во 12:30 добивме дојава за пожар во шумскиот предел кај селото Кованец, гевгелиско. Нашите сили се упатија таму со едно ПП возило и 4 пожарникари. На терен беа и 14 вработени од Шумско стопанство „Кожуф“ од Гевгелија со три теренски возила. Во текот на денот уште 6 пожарникари беа присутни на терен и со помош на дрон го следеа движењето на пожарот. До 19:30 успеавме да го локализираме пожарот и истиот да не претставува опасност за селото, имотите, нивите“ – изјави за GevgelijaNet командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов.

Поради ширината на опфатот на пожарот и непристапниот терен гевгелиската ТППЕ морала да употреби и дрон за надгледување на границите на шумскиот пожар кај Кованец. Имало две непристапни точки, високи карпи со густа жбунеста вегетација. Истите пожарникарите ги локализирале и оставиле на немилост на огнот.

– „До настапот на ноќта пожарот беше ставен под контрола, а го надгледуваа вработени на ШС „Кожуф“. Се проценува дека има изгорена мешана шума од даб, смрека и габер на површина од 60 до 70 хектари. Материјална штета кон жителите на Кованец нема, но големи се загубите на шумска вегетација, кое е наше национално добро“, додаде командирот н ТППЕ Гевгелија, Ризов.

Денеска теренот на опожарениот простор кај Кованец е повторно надгледуван од 06 до 08 часот од сили на ТППЕ Гевгелија, а после 08 часот понатаму од вработени на ШС „Кожуф“. Опожарениот простор догорува. Малата присутност на воздушно струење не ги остава на мир вработените поради можноста за разгорување на недогорените шумски стебла после интервенцијата на пожарникарите.

Лето е, топло е, гори воздухот на +40 степени, бесповратно гори и националното добро, нашите шуми.

Да бидеме внимателни при престојот во природа, да не се пали оган на отворено при присуство на сува вегетација која за секунда пламнува во опасен пожар, препорачуваат од ТППЕ Гевгелија!!!

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Протеинско-витаминска бомба А’la Џоле

Next Post

ВИДЕО: Обид за атентат врз Трамп

Next Post
ВИДЕО: Обид за атентат врз Трамп

ВИДЕО: Обид за атентат врз Трамп

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

КК „Дојран“ освои 10 медали на меѓународен турнир во Букурешт

КК „Дојран“ освои 10 медали на меѓународен турнир во Букурешт

11 месеци ago
Честит  1 Мај, Меѓународниот ден на трудот!

Честит 1 Мај, Меѓународниот ден на трудот!

1 година ago
Тимот на „Дејли кофи хаус“ победник на турнирот „Стојаково  2023/2024“

Тимот на „Дејли кофи хаус“ победник на турнирот „Стојаково 2023/2024“

2 години ago
Отворена „Сензорна соба“ во ДГ „Детска радост“ Гевгелија, донација на Амбасадата на НР Кина

Отворена „Сензорна соба“ во ДГ „Детска радост“ Гевгелија, донација на Амбасадата на НР Кина

2 години ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф
  • Лишен од слобода млад гевгеличанец
  • Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Лишен од слобода млад гевгеличанец

Лишен од слобода млад гевгеличанец

август 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist