За време на митингот на Трамп во Пенсилванија одеднаш одекнаа истрели. Трамп прво легна на земја, а потоа беше изведен од сцената од тајни агенти. На видеото што се појави се гледа крв на увото на Трамп, но се чини дека тој не е сериозно повреден.
Сведок изјави: Имаше многу крв
Дејвид Мекормик, републикански кандидат за Сенат од Пенсилванија, седеше во првиот ред за време на митингот. Тој за Политико изјави дека мислел дека некој е застрелан зад него.
- „Одеднаш се слушнаа истрели. Се чинеше дека некој зад мене е застрелан. Имаше многу крв. Тајната служба го опколи Трамп“, рече тој.
Во тие моменти Трамп говореше за имиграционата политика и покажуваше табела со броеви на гранични премини. По истрелите кои се слушнаа за време на митингот и на кои регираше насобраната толпа, Трамп посегна со десната рака кон вратот. Се забележа крв на неговото лице.
Тој брзо се сокри под пултот за говор додека агентите од тимот за заштита се упатија кон бината за да реагираат. Пукотниците продолжија додека агентите се грижеа да го заштитат Трамп на сцената.
Додека агентите го носеа Трамп од бината до возилото толпата се поздравуваше со него, а тој во тие моменти ја крена раката и покажа тупаница.
🤔 What do you think: real assassination #Trump attempt or part of an election campaign? https://t.co/GgoMkbjwGN pic.twitter.com/Sk9i2jG5kS
— MAKS 24 🇺🇦👀 (@Maks_NAFO_FELLA) July 13, 2024
Колоната која го превезуваше Трамп го напушти местото каде што се одржуваше митинг. Веднаш не беше позната неговата здравствена состојба.
Полицијата на терен почна со евакуација веднаш откако Трамп ја напушти говорницата и бината.