петок, 4, јули 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

ТППЕ Гевгелија реализираше 141 интервенции минатата година

Помалку пожари, брзи интервенции - бележи ТППЕ Гевгелија лани, во 2022, во споредба со претходната година. Пожарите на отворено намалени за 43%

јануари 23, 2023
in ФОКУС
ТППЕ  Гевгелија реализираше 141 интервенции минатата година
0
SHARES
1.3k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Територијалната противпожарна единица во Гевгелија во својот работен дневник за 2022 година има запишано 141 интервенции релизирано на подрачјето на општина Гевгелија и регионот на својата надежност Богданци и Дојран.

Од тоа 38 интервенции се во објекти, куќи, запалени оџаци, запалени шалт табли, и друго,
Најголемиот број на интервенции, вкупно 71, или 50% од вкупниот број интервенции на ТППЕ минатата година, се случиле на отворен опожарен терен. Најголеми опожарувања беа забележани во подрачјето на Фурка, кај Ѓавото и шумскиот појас околу Богданци од Погана се’ до Паљурци. Овде екипите на ТППЕ интензивно гаснеа три дена, а го контролираа од нова активација теренот со опожарените згаришта речиси цела недела.

Related posts

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025
Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

Повторно се разгоре пожарот кај с.Марвинци, валандовско

јули 2, 2025

ТППЕ интервенираше и во гаснење на запалени возила (10 случаи), технички интервенции над возила во сообраќајна несреќа (12 случаи) и уште 10 интервенции категоризирано во „останати интервенции“.

Извештајот за интервентните акции на ТППЕ Гевгелија за 2022 година укажува на намалување на бројот на пожарите и интервенциите споредено со 2021 година. Намалувањето изнесува 50 пожари помалку, односно 26%.

Најголемо е намалувањето кај пожарите на отворено, кои од 126 во 2021 се намалиле на 71 во 2022 година, што значи намалување за 43%.

  • „Ова значи поголема одговорност на граѓаните во заштитата на објектите и јавниот простор од опожарувања“, изјави за GevgelijaNET.com командирот на ТППЕ Гевгелија, Игор Ризив..

Во тој контекст, од ТППЕ- Гевгелија, и поатаму го повторуваат апелот до граѓаните на претпазливост, особено со препораките да ги исчистат оџаците и да извршат проверка на исправноста на електричната инсталација и грејните тела, како би се заштителе од пожар. Покрај тоа, препорачливо е да не се оставаат сијаличките од новогодишните елки да горат преку целата ноќ, внимателно ракување со електричните апарати и да не се користат петарди во затворени простории.

Фото: Екипата на ТППЕ на денот на Богојавление со носителот на Чесниот крст, каде присуствуваа како професионална поддршка на настанот

 

ShareTweetShareSend
Previous Post

ФОТО сеќавање – Како омикрон ги пустошеше улиците

Next Post

ВИДЕО: Зголемен водостој на реките низ Гевгелија

Next Post
ВИДЕО: Зголемен водостој на реките низ Гевгелија

ВИДЕО: Зголемен водостој на реките низ Гевгелија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Гевгеличанка лишена од слобода

Гевгеличанка лишена од слобода

1 година ago
Пожарот во Осиек: Пожарникарите велат „Ова е пекол, опремата ни се топи“

Пожарот во Осиек: Пожарникарите велат „Ова е пекол, опремата ни се топи“

2 години ago
Сузана Гавазова и Љупчо Ѓоргиев – Победници на „Фолк Фест Валандово 2025“

Сузана Гавазова и Љупчо Ѓоргиев – Победници на „Фолк Фест Валандово 2025“

1 месец ago
Д-р Киров: Околу 450.000 евра проектни инвестиции и донации за Општа Болница Гевгелија

Д-р Киров: Околу 450.000 евра проектни инвестиции и донации за Општа Болница Гевгелија

12 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • Доаѓаат петдневни температурни 40-ки
  • Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско
  • За неполн ден собрани средства за помош на мајката со три деца од Кочани

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

Доаѓаат петдневни температурни 40-ки

јули 3, 2025
Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

Трет ден гори во Валандовско, втор ден гори во Богданско

јули 3, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist