Најфудбалското населено место во општина Гевгелија Миравци и годинава по 35 пат јубилејно пулсира со летниот турнир во мал фудбал “КМФ Миравци” наследник на 30 годишната традиција на меморијалнит турнир “ТИХО”.
Годинава до првата недела од август за трофејот на турнирот се борат 16 сениорски и 11 јуниорски екипи. Наградниот фонд е 230.000 денари.
Ако не сте биле до сега на трибините да ја видите фудбалската магија што се создава во Миравци, расадникот на фудбалери и репрезентативци, бидете таму на следниот натпревар, зошто:
“Сите правци летово водат кон Миравци” – порачуваат организаторите.