Попладнево, со почеток во 17:30 часот стартуваше четвртиот по ред традиционелен Меморијал, турнир во баскет посветен на прерано починатиот кошаркар од Гевгелија, 6-ката на КК „Кожув“, Иван Пенов.
На теренот оваа година ќе се соочат вкупно 40 екипи во три категории: 6 екипи во женска категорија, 12 екипи во јуниорска конкуренција и 22 екипи во сениорска конкуренција. Сите екипни учесници се од општина Гевгелија, според критериумите на организаторот.
На теренот први истрчаа женските екипи кои играа 3 х 3, па следуваа јуниорските натпревари, а вечерниот финиш од спортската програма за денеска го имаа сениорите.
Турнирот има и медицинска поддршка, а е поддржан и од програмата за спорт на општина Гевгелија за 2024 година. Пред почетокот на спортскиот настан се одржа едноминутно молчење во чест на Иван Пенов – Пена, младиот кошаркар на КК „Кожув“ кој на 18 годишна возраст трагично настрада во сообраќајна несреќа.
Другарите, спортските колеги и новите генерации учесници на турнирт се сеќаваат на Пенов и играат на игралиштето што го носи неговото име, на турнир со неговото име, се играа за спорт, забава и сите го споменуваат Пена.
Вечерва, 6-ката на Пена повторно е во игра!!!