петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home SHOWBIZ

Групата „Music soul“ од Гевгелија освои ПРВО место во Италија и уште 6 поединечни награди

ВИДЕО и ФОТО: СЕДУМ НАГРАДИ за „Music soul“ од Гевгелија - 4 ПРВИ места и 3 ВТОРИ места и севкупен ПОБЕДНИЧКИ ПЕХАР

август 1, 2024
in SHOWBIZ, Музика
Групата „Music soul“ од Гевгелија освои ПРВО место во Италија и уште 6 поединечни награди
0
SHARES
178
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Вокалната музичка група составена од седум девојки од Гевгелија, Богданци и Валандово, вчера по својот настап на фестивалот „Римини Фест“ во Италија го освои ПРВОТО место и доби Диплома за лауреат на Фестивалот, победнички пехар и многу аплаузи.

Музичкиот ментор на групата „Music soul“, формирана преку здружението на граѓани „Внимание“ од Гевгелија е проф. Маја Зафирова. Таа додеде дека освен заедничкиот успех, девојките имаа и соло настапи со што се закитија со уште шест награди: три ПРВИ места и уште три ВТОРИ места.

Related posts

Три ПРВИ места за Гевгелија: Матеа, Мелани и Студио „Мистик денс“ на ИТФ во Скопје

Три ПРВИ места за Гевгелија: Матеа, Мелани и Студио „Мистик денс“ на ИТФ во Скопје

април 27, 2025
ВИДЕО: Гевгелиските пензионери на 23-та „Регионална Ревија“ во Кавадарци

ВИДЕО: Гевгелиските пензионери на 23-та „Регионална Ревија“ во Кавадарци

април 27, 2025

Пласманот е следен:
– 1 место во соло изведба – Слободанка Арнаудова, Билјана Дуева, Ангела Зафирова,
– 2 место соло изведба – Ања Поп – Костова, Ивана Коколанска, Анастасија Зафирова
– ПРВО место музички состав- септет – „Music soul“.

Големиот победнички пехар за „Music soul“ од Гевгелија, Диплома за Laureate I и диплома за музичкиот ментор Маја Зафирова

Ова е голема победа за младата гевгелиска група со музички ентузијастки од југот на Македонија.

Тие настапија во преубавата сала на театарот „Galli“ на 21 Интернационален натпревар и Музички фестивал на фолклор и танц „Римини-Фест“ во градот Римини, Италија.

Анастасија Зафирова – 2 место соло изведба
Ања Поп=Костова – 2 место соло
Ивана Коколанска – од Удово, Валандовско – 2 место соло изведба

Победничката во соло изведба, Слободанка Арнаудова од Стојаково, општина Богданци настапи со песна од Бијонсе, а за импресиите напиша на социјалните мрежи:

– „Многу ве сакам што повеќе дел од вас ми држевте среќа, не само на мене туку на целиот тим! Секој од нас си освои тоа што си заслужи. Јас од мојот тим освоив прво место и сум многу благодарна на Господ Исус Христос што ми даде среќа, енергија и трпение да дојдам до овој чекор во мојот живот“

Слободанка Арнаудова со својот победнички пехар

Гевгеличанката Ања Поп-Костова освои Второ место, со нејзината интерпретација на песната на Адел „Rolling in the deep“.

– „Клучот на успехот е големата верба во себе, а најважно од се молитвите упатени кон Бога и вербата во него. Денес освоив второ место на фестивалот во Римини-Италија, но овој успех не е само мој. Голема благодарност до најдобрата менторка Maja Зафирова“ – порача Ања.

Билјана Дуева претставник на Вокалната група – „Music soul“ на Гала концертот во Театар Гали Римини изјави: „Премногу емоции, драги мои ученици премногу сум горда на Вас, поминавме тежок пат да учествуваме на натпреварот, верувавме во нашиот успех. Од стручното жири и Директорката на натпреварот Џулија Томашенко добивме официјална покана за учество во Франција“.

Им честитаме на овие распеани девојки победнички!!!

Вокалната група „Music soul“ пред настап, со македонското знаме
ShareTweetShareSend
Previous Post

Стартуваше турнирот во баскет „Иван Пенов“ 2024

Next Post

“Македонско девојче” од Златните девојки од југот на Македонија

Next Post
“Македонско девојче” од Златните девојки од југот на Македонија

"Македонско девојче" од Златните девојки од југот на Македонија

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Бочварски: Распределба на 52 стана од новоизградената социјална зграда во Гевгелија

Бочварски: Распределба на 52 стана од новоизградената социјална зграда во Гевгелија

2 години ago
Александар Груиќ победник на „Круна Опен 2023“

Александар Груиќ победник на „Круна Опен 2023“

2 години ago
Македонија ја прегази Норвешка и се пласираше во квалификациите

Македонија ја прегази Норвешка и се пласираше во квалификациите

2 години ago
ВИДЕО: Големо невреме го обеле со град патот Штип-Миладиновци

ВИДЕО: Големо невреме го обеле со град патот Штип-Миладиновци

1 месец ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје
  • ФОТО: Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа
  • ФОТО: Парада на победата на Црвениот плоштад во Москва – 80 години од победата над фашизмот

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

мај 9, 2025
ФОТО:  Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа

ФОТО: Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа

мај 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist