По повод празнувањето на денешниот верски празник Свети пророк Илија и македонскиот двоен Илинден 1903 и 1944 година, Ви испорачуваме честитки за мир и благодет од величественото здание на црквата „Св.Илија“ во Стар Дојран.
Црквата е изградена 1848 година, бомбардирана во ПСВ, а целосно реконструирана во периодот од 2003-2008 година, величенствено здание кое пркоси речиси два века и е нем сведок за многуте премрежја на овој крај низ годините.
Силата на громовникот Илија била инспирација за илинденците да го закажат почетокот на Илинденското востание на 2 август 1903, а АСНОМ-ските делетати на овој ден во 1944 година ги поставиле темелите на македонската државност.
Поради тоа, верскиот и државен празник Илинден има огромна национална важност за секој македонец.
Нека е вечен храмот, нека е вечен денот Св.Илија и силата на ИЛИНДЕН!!