петок, 9, мај 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Хуманост на дело – Гевгелиската Црква со донација за ТППЕ Гевгелија

„Нема одмор додека трае огнената стихија во Македонија!“ - порачаа од Гевгелиското Архиерејско Намесништво по посетата и доделената донација вода и храна за пожарникарите од гевгелиската ТППЕ единица

август 7, 2024
in ФОКУС
Хуманост на дело – Гевгелиската Црква со донација за ТППЕ Гевгелија
0
SHARES
1.4k
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

„Нема одмор додека трае огнената стихија во Македонија!“

Со овие зборови Гевгелиското Архиерејско намесништво во Гевгелија и Хуманитарната организација „Свети Спас“ ја оправдува својата посета на единицата на ТППЕ Гевгелија и донацијата на пакуваа вода и конзервирана храна, неопходна за одржувањето на нивните сили и спремност да се справуваат со огнената стихија која оваа недела беснее на територијата на три општини во надлежност на ТППЕ Гевгелија.

Related posts

Градоносни облаци се истурија во Дојран

Градоносни облаци се истурија во Дојран

мај 7, 2025
Во чест на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец

Во чест на Свети Великомаченик Георгиј Победоносец

мај 6, 2025

Со благослов на Архиепископ г.г Стефан и митрополитот Повардарски г. Агатангел, посетата е извршена вчера, а донацијата предадена на командирот на ТППЕ Гевгелија, Игор Ризов, како поддршка и помош за „браќата од ТППЕ Гевгелија“ како што велат од ГАН.

При тоа претставниците на Гевгелиското Архиерејско намесништво иразија и благодарност до анонимните поддржувачи од Швајцарија кои донираа две палети вода (168 пакети), на анонимната сестра која донираше триесет пакети вода, но и на сите граѓани кои донирале финансиски средства на жиро сметката на ГАН со кои се набавени 1000 паштети и 500 месни нарезоци кои вчера ги донираа во просториите на ТППЕ Гевгелија.

– „Додека бевме во Гевгелија пожарникарите добија дојава дека огнот се приближил до селото Негорци и имавме прилика да ја видиме нивната спремност за брзо делување, но и загриженоста на нивните лица… Пожарникарите, драги браќа и сестри, се хероите на денешницата затоа што, иако се слаби опремени со заштитна опрема, тие без размислување веднаш штом добијат повик, поаѓаат да се изборат со огнот“ – изјавуваа црковните намесници од Гевгелија кои вчера ја посетија гевгелиската ТППЕ.

Донацијата од Црквата ја прими командирот на ТППЕ Гевгелија Игор Ризов

Вчерашниот ден беше не само огнен, туку и ризичен за селото Негорци. Во моментот кога била остварена посетата на црковните претставници на ТППЕ Гевгелија тие морале брзо да заминат на интервенција. Почести, благодарности, честења … нема време. Огнот чека да биде запрен!!!

Од Гевгелиското Архиерејско намесништво повторно упатуваат АПЕЛ ЗА ДОНАЦИИ во вода, конзервирана храна, сокови, колачиња… за да им помогнеме на сите кои се вклучени во нерамноправна битка со огнената стихија во Македонија.

Поддршка на оваа хумана мисија даде и фирмата „ЕВН Македонија“ кои ги покрија трошоците за горивото и за трошоците околу патарините.

„Бог да ве благослови и нека ве чува од секое зло!!!“ – порачаа од гевгелиската Црква.

ShareTweetShareSend
Previous Post

ВИДЕО: Пожарот кај Негорци ставен под целосна контрола

Next Post

Слободанка Арнаудова – Победничка на „Римини Фест“ во Италија за најдобра соло изведба

Next Post
Слободанка Арнаудова – Победничка на „Римини Фест“ во Италија за најдобра соло изведба

Слободанка Арнаудова - Победничка на „Римини Фест“ во Италија за најдобра соло изведба

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

ВИДЕО: Нова победа на Ана Бегова – ПРВО место во Кавадарци

ВИДЕО: Нова победа на Ана Бегова – ПРВО место во Кавадарци

2 месеци ago
Давидовчани најсложни и најбројни во заедничкото славење на Стара Нова Година и Василица

Давидовчани најсложни и најбројни во заедничкото славење на Стара Нова Година и Василица

4 месеци ago
Министерката Тренчевска на увид на доградбата на ДГ „Сончогледи“ во Гевгелија

Министерката Тренчевска на увид на доградбата на ДГ „Сончогледи“ во Гевгелија

2 години ago
Во Гевгелија одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

Во Гевгелија одбележан Меѓународниот ден на лицата со попреченост

5 месеци ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје
  • ФОТО: Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа
  • ФОТО: Парада на победата на Црвениот плоштад во Москва – 80 години од победата над фашизмот

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

ВИДЕО: Герила акција на „Супорт Кочани“ во центарот на Скопје

мај 9, 2025
ФОТО:  Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа

ФОТО: Цреши ли се, Алтани ли се? Цените во маркетите подивеа

мај 9, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist