понеделник, 18, август 2025
  • Contact
  • Sample Page
  • Почетна
Gevgelijanet.com
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
No Result
View All Result
Gevgelijanet.com
Home ФОКУС

Ансамбл „Мегдан“ од Богданци настапи на Фестивал во Црна Гора

Играорците од „Мегдан“ се единствените претставници од Македонија на 4-от Интернационален детски фолклорен фестивал "Оро без граници" во Тиват, Црна Гора

август 23, 2024
in ФОКУС
Ансамбл „Мегдан“ од Богданци настапи на Фестивал во Црна Гора
0
SHARES
598
VIEWS
Share on FacebookShare on TwitterShare on WhatsApp

Од 21 до 24 август годинава во Тиват, Црна Гора се одржува 4-от Интернационален детски фолклорен фестивал “Kolo bez granica” на кој учество зеде и Фолклорниот ансамбл „Мегдан“ од Богданци.

Тие денеска имаа официјален преим кај Градоначалникот на Тиват Жељко Комненовиќ, претставувајќи се од каде доаѓаат, каде е Богданци, од кога постојат како друштво и поделија подароци за спомен и сеќавање на задничкото пријатлство и соработка.

Related posts

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

Вода од пумпите во Ѓавото дотече во Дојран, а доброволци го уредуваат просторот кај Топлец

август 16, 2025

Играорците од „Мегдан“ синоќа настапија со свој концертен избор пред публиката во Тиват, на сцена на отворено и ги развиорија македонските ора, македонските песни. Пред почетокот на сценскиот настап, вчера на отварањето на фестивалот се одржа дефиле низ кејот на Тиват.

„Мегданци“ млади, убави разиграни, стокмени за фестивалското дефиле
Сенски настап на отворената сцена во Тиват

Македонските играорци после дефилето не издржаа мирни, заиграа оро со песна од нивните грла и ја запееја „Јовано, Јованке“.

На 4-от Интернационален детски фестивал на фолклорот „Оро без граници“ играорците од „Мегдан“ беа единствени претставници од Македонија. А, фестивалот го збогатија и настапите на фолкорните друштва од Хрватска, Романија и домаќинските фолклорни ансамбли од Црна Гора.

Аплаузите беа неизоставен дел од доживувањето на 50-члениот тим играорци од Богданци.

Домаќинскиот град Tиват е приморски град во југозападниот дел на Црна Гора, сместен во Которскиот Залив, со население од 14.000 жители. Инаку, Тиват е седиште на Општина Тиват која е најмала општина во Црна Гора по површина.

Свеченото дефиле на Фестивалот во Тиват се одржа на кејот од пристаништето

На почетокот од фестивалската програма тие го посетија Стариот Град во Котор кој е најдобро сочувана средновековна градба настаната во 12 и 14 век, па поради својата богата архитектура е заштитена од УНЕСКО.

За денеска, домаќините им приредија забава на сите деца-учесници на фестивалот, најпрво сите тимски учествуваа во креативните „игри без граници“, а потоа следуваше „пена парти“ и фрлање во водите на Јадранското море.

Се’ на се’ успешен настап и успешно претставување на македонскиот фолклор и нашите умни деца на детскиот интернационален фолклорен настан со ора, игри и претставување на вештините и во музиката, и во фолкорот, и во спортот.

Браво деца наши!

Играорците од „Мегдан“ Богданци позираат пред почетокот на фестивалското дефиле
Делегации од фолклорните ансамбли од различните земји учеснички на прием кај Градоначалникот на Тиват – овде е и Македонскиот „Мегдан“
ShareTweetShareSend
Previous Post

На ГП „Богородица“ запленет 1,8 kg накит вреден над 500.000 денари

Next Post

Револиционерна борба против ракот – Пациенти веќе ја примија првата вакцина против рак на белите дробови

Next Post
Револиционерна борба против ракот – Пациенти веќе ја примија првата вакцина против рак на белите дробови

Револиционерна борба против ракот - Пациенти веќе ја примија првата вакцина против рак на белите дробови

ПРЕПОРАЧАНИ ВЕСТИ

Денес се слави Света Великомаченичка Варвара

Денес се слави Света Великомаченичка Варвара

2 години ago
Најдобриот фудбалски тим во историјата според Чет-ГПТ

Најдобриот фудбалски тим во историјата според Чет-ГПТ

2 години ago
Кај Паљурци приведено лице по кое била распишана потерница

Кај Паљурци приведено лице по кое била распишана потерница

2 години ago
ВИДЕО: Невреме во Гевгелија, гевгелиско и во Валандово

ВИДЕО: Невреме во Гевгелија, гевгелиско и во Валандово

1 година ago

СЛЕДЕТЕ НЕ

ПРЕЛИСТУВАЈТЕ ПО КАТЕГОРИИ

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
    • Музика
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
    • Балкан
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ
Gevgelijanet.com

Следете не на:

Последни вести

  • ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф
  • Лишен од слобода млад гевгеличанец
  • Победник на МШТ „АУРОРА 2025“ е Лука Булатовиќ од Србија

Категории

  • MАКЕДОНИЈА
  • OД НАШ АГОЛ
  • SHOWBIZ
  • Балкан
  • БАЛКАН
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • ИЗБОР на уредникот
  • ИНТЕРВЈУ
  • КУЛИНАРСТВО
  • МОЗАИК
  • Музика
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОКУС
  • ФОТО ВЕСТ

Последни вести

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

ВИДЕО: Изоран и непрооден патот од Смрдлива вода над Кожуф

август 18, 2025
Лишен од слобода млад гевгеличанец

Лишен од слобода млад гевгеличанец

август 17, 2025

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

No Result
View All Result
  • Почетна
  • ФОКУС
  • MАКЕДОНИЈА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ФОТО ВЕСТ
  • ВИДЕО
  • ЖИВОТЕН СТИЛ
  • ЗДРАВЈЕ И УБАВИНА
  • SHOWBIZ
  • mk
    • en
    • mk

Сите содржини се заштитени согласно Законот за авторски права: Неовластеното користење на авторски текстови и фоторфии е казниво со закон. Преземање авторски текстови и фотографии од порталот GevgelijaNET.com е дозволено само делумно,најмногу до 20% од содржината на објавениот текст со задолжително ставање на хиперлинк до содржината која што се цитира. Контакт: gevgelijanet1@gmail.com | © 2022 Gevgelijanet.com

Welcome Back!

Login to your account below

Forgotten Password?

Retrieve your password

Please enter your username or email address to reset your password.

Log In

Add New Playlist