Златната параолимпијка на Македонија од Параолимпикиските игри во Лондон 2012 годинава Оливера Наковска-Бикова, учествува на Параолимпијадата во Париз и е единствен спортски учесник од Македонија.
Накова-Бикова е 49-годишната параолимпијка од Битола која е носител на златниот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол на ПОИ одржани пред 12 години во Лондон.
Во јуни 2018 година таа „испука“ 571 круг во дисципината воздушен пиштол, што е за еден круг подобро од нејзиниот актуелен светски рекорд забележан во мај истата година.
Златната Олимпијка овој пат ќе ги брани боите на Македонија во Париз.
Свеченото отворање на Параолимписките игри (28 август – 8 септември) ќе се одржи вечерва во Париз, Франција, на кое ќе учествуваат 4.400 спортисти и 182 делегации.
Церемонијата, која започнува во 20 часот, ќе трае околу три часа, пред околу 50.000 посетители со дефиле на спортски делегации по познатата париска авенија.
Францускиот министер за внатрешни работи Жералд Дарманин неодамна изјави дека до 25.000 полицајци и жандарми и 10.000 приватни агенти за обезбедување ќе бидат распоредени за време на Параолимписките игри, кои за првпат ќе се одржат во Париз.
Оливера Наковска-Бикова ќе биде единствената македонска спортистка која ќе ја претставува нашата земја на Параолимписките игри во Париз.
Наковска-Бикова имаше успешни подготовки, а според најавите во Париз ќе настапи во три стрелачки дисциплини на 31 август, 2 и 4 септември.