Советот на општина Гевгелија одобри 300.000 денари за лекување на гевгеличанката Елизабета Гуцева во странство на вчера одржаната 22-ра седница.
Оваа убава насмевка испратена во моменти на среќа нека биде начин на благодарност со кој Елизабета ќе се заблагодари на сите кои и’ даваат финансиска поддршка за хемо и радиолошката терапија која ја изведува во приватна клиника во Грција за да ја победи болеста и да се врати дома насмеана.
Целиот третман чини 50.000 Евра. Толку добрина треба да се собере за надеж и здравје за Елизабета.
На меѓународната платформа за донации „Go Fund Me“ до сега донирани се 5.485 евра за лекувањето на Елизабета.
Затоа, нека вртат телефоните и понатаму! За Елизабета!
А1 143 – 467
Т-Mobile 143 – 137