Духовниот храм во центарот на Гевгелија, стар 128 години, црквата „Свети Кирил и Методиј“ во 2021/22 година беше реставрирана, обновена, збогатена со вреден и податливо богат иконопис, а нејзината понатамошна служба кон народот и Бога беше благословена со чинот на Преосветување на Црквата.
По тој повод, во недела Црквата подготвува одбележување на тригодишниот јубилеј од целосната обнова на храмот со Воскресна утрена во 07:00 часот и Света Божествена литургија во 08:30 часот на која ќе пее црковниот хор „Св. Јован Кукузел“ од Гевгелија.
– „Драги Гевгеличани, со благослов на нашиот надлежен Владика, Митрополит Повардарски господин Агатангел, ве повикуваме заедно да го прославиме овој мал јубилеј и исполнети со духовна радост молитвено да испросиме од Бога здравје, мир и благосостојба во нашите домови“.
Ве покануваат овогодишните кумови-домаќини и свештениците при Гевгелиската Парохија.
Света Божествена литургија беше одржана и минатата година:
За многу лета да не’ крепи милоста на христијанската вера и закрила – 128 години од подигањето на црквата “Св. Кирил и Методиј”.