Возач на мотоцикл паднал возејќи низ главната улица во Гевгелија
Вчерашниот неделен ден, на 29.09.2024 во 11:00 часот во Полициската станица Гевгелија било пријавено дека на ул.„Маршал Тито“ во Гевгелија лицето С.Р.(48) од Гевгелија, додека управувал мотоцикл „Хонда“ со велешки регистарски ознаки, изгубил контрола и паднал на коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мотоциклот, констатирани во Здравствен дом Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Гевгелија.