Во Словенија почна да врне снег бидејќи, по навлегувањето на студениот воздух од северот на Европа, дождот се претвори во снег.
Kамерите ги снимија снежните сцени на Кредарица, словенечка планина висока 2.515 метри.
Во текот на денот и во петок се очекува згуснување на снежната покривка на словенечките планини.
Ова е вториот паднат снег во Словенија, годинава. Првиот снег годинава ги посети на 27 септември, а денеска повторно ја најавува снежната студена сезона.