Така беше некогаш во гостољубивата наша Гевгелија. Гостите можеа да дојдат непоканети кога сакаа, со се деца, ќе се седеше, мезеше, прикажуваше, а децата ќе играа со саати со децата и играчките на децата од домаќините, па толку ќе се приврзеа што ќе посакаа мечето, количката, или куклата да си ја однесат дома.
Плачки, мачки, ама најмалото и најрасплаканото дете победуваше.
Немаше главоболки “леле што ќе изнесам на маса”, се знаеше – што имаш дома.
Муабетот ќе траеше со шеги, досетки, разменети искуства до полноќ и после тоа. Утре е неработен ден па домашните седенки се вентил за растеретување од работната недела.
Фото: Домашна седенка во гевгелиска семејство со пријателите, 70-те години на XX век, Гевгелија – Домаќинот по традиција седи на чело
Седат од лево на десно: Зора и Боро Хаџимитрови, домаќинот Живко Дојранлиев, десно Митко Чурлинов