Нашата позната кант авторка Оливера Станковска напиша и отпеа празнична песна која ја посвети на Гевгелија.
Како никој до сега таа ги споменува Илија Џаџев и Владо Ралев значајни личности родени во Гевгелија кои во текот на својот живот изградиле „пруги на хуманоста“ како што вели Оливера.
Како никој до сега Оле се сеќава и во песната го споменува доктор Алексанрад Сингер кој со својата професионална и човечка посветеност за здравјето на жителите од општина Гевгелија и околијата после ВСВ придонел многу за јавното здравје во овој крај.
Кожуф, цветната и топла Гевгелија се топоними и епитети кои се споменуваат и во други песни, но Џаџев, Ралев и Сингер се оправдано присутни во оваа празнично музичко издание за Гевгелија, по повод 80 години од ослободувањето на нашиот град.
Еве го целиот текст на песната:
Во тебе растев, со тебе пеев
шанана, на, со гитарата,
од каде идеш, а јас им велев
јас сум од југот од Гевгелија.
Илија Џаџев и Владо Ралев
граделе пруги на хуманоста,
и доктор Сингер остави траги
на луге драги да го спомнуват.
Одам патувам и се радувам
Кога ќе ги видам јас ноќе
Светлата на мојот град.
Кожуф сонува, Вардар зборува,
Чувајте ја долго во срцето свое
цветната градина.
Кожуф сонува, Вардар зборува,
Чувајте ја долго во срцето свое
Нашата Гевгелија!
Песната за Гевгелија од Оливера Станковска – во прилог и ВИДЕО од нејзината интерпретација: