Синоќа, 7 ноември, на Денот на ослободувањето на Гевгелија, во Скопје во салата на МКЦ групата „Зијан“ од Гевгелија одржа солистички концерт после 30 години на истата сцена.
Пред публиката прозвучија познатите и незаборавни песни сиве овие години, испеани од Аце и Коце, „Пушти коси“, „Каде сте ангели“, „Град“ и многу други.
Со 42 годишна музичка кариера зад себе и огромна дистанца од повторно појавување пред македонската публика, стара и нова, членовите на „Зијан“ видно задоволни од концертното исполнување, амбиентот и приемот од публиката.
Од победата на „Гитаријада“ во Зајечар до настапите со бендови како ЕКВ, Партибрејкерс, Електрични оргазам, „Зијан“ останува важен дел од музичката историја на Македонија и регионот.
За да не се заборави уживањето со музиката на овие ретки концерти со „Зијан“ публиката со мобилните камери го регистрираше нивниот настап за да го чуваат и во мобилната меморија, а не само во спомените.
А сега, легендарно познатата песна „Пушти коси“ од албумот „Низводно“:
Песната „Кога ќе ме нема“ од репертоарот на „Зијан“.
После добрата свирка овациите беа логичен след на експресија на публиката.