Македонскиот кикбоксер Бобан Илиоски го освои златниот медал на Европското кикбокс првенство кое се одржува во Атина, тој ја одбрани круната од пред две години, денеска во финалето беше подобар од Ерик Ниевегловски од Полска.
Во финалната борба во категоријата лоу кик до 86 килограми, Илиоски со 2-1 го победи полскиот кикбоксер.
Претходно на патот до финалето Илиоски вчера со спектакуларен нокаут го совлада Гркот Христос Филис.
Македонија од Европското првенство во кикбокс се враќа со два медали, покрај златото на Илиоски, освоивме и бронзем медал кој е дело на Стефан Михајловски во категоријата кик лајт над 94 килограми.
Првенството на кое учествуваа 982 натпреварувачи со 1.133 натпреварувачи влеза од 41 држава завршува утре.
Македонската репрезентација учествуваше со петмина кикбоксери во машка и женска конкуренција, ја предводи претседателот на Кикбокс Маитаи федерацијата Дејан Митровски, а во составот се Бобан Илиоски, Стефан Михајловски, Митко Ашкилов, Леа Бошевска и Андреа Костовска, тренерот Драган Атанасовски, како и Ирена Митровска од Федерацијата.