Бранко Ризовски од Гевгелија е 67 годишен пензионер, но и мајстор претприемач кој сам изработува прибор за домаќинство и го нуди на пазар за заинтересираните клиенти.
Тој отвори тезга на Градскиот пазар во Гевгелија каде нуди прибор за домаќинството изработен од дрво. Даски за сервирање, сукала, оклагии, држала за секира, свироли, авани за толчење, даски за сецкање, дрвени столчиња… сето тоа е мајсторска направија на гевгеличанецот Бранко.
И денеска беше на тезгата 152 и ги чекаше муштериите да ги снабди со домашните изработки за домаќински куќи. А, муштерии има разни: ги има и гевгеличани, и од околните места, и граѓани од соседна Грција, домаќините ја препознаваат вредната рака на Благоја и ефтините цени на продажба. Ги има од 200 ден до 1.500 денари. Ништо поскапо нема да најдете кај него.
Ако Ви затреба побарајте го следниот пазарен ден на тезгата број 152. И благословете ги тие вредни раце.