Младиот гостиварец Анди Исмаили годинава повторно е светски шампион во модерен современ танц 5-ти пат по ред, откако оваа титула ја освои за првпат во 2019-та година, на само 11-годишна возраст.
На Светското првенство во модерен, џез и класичен балет што се одржа во Киелце, Полска, младиот танчер од Гостивар, Анди Исмаили, постигна историски успех. Во конкуренција од 72 танчери од целиот свет, 16-годишниот Анди го освои златниот медал во категоријата Performing Arts Improvisation, освојувајќи ја титулата Светски шампион!
Анди вчера освои и сребрен медал во категоријата Модерен Балет соло момчиња јуниори, со што го потврди својот квалитет и стана Светски вицешампион.
Анди е член на танцовото студио “Break a Leg” од Скопје, а позади неговиот последен успех стои неговата менторка Андријана Петковски и креативноста на кореографката Карол Ментол од Полска.
– „Одличен и заслужено до титулата најдобар во светот!!! Браво Анди, браво Шампионе!“, напишаа од танц студиото Break a Leg.
Видеото од победничкиот настап на нашиот Светски Шампион Andi Ismaili сподели неговото танцво студио „BREAK A LEG“. Видеото погледнете го ТУКА.
Во чест на шампионот од Македонија на светскиот танцов подиум на чинот на доделувањето на м едалот и победничкиот пехар беше интонирана македонската химна.
Браво шампионе!