Ученик од трето одделение во Скопје поради насилни реакции отстранет од училиштето. Во училиштето каде родителите сакале да го запишат да продолжи со наставата учениците и родителите бојкотирале. Родителите се обиделе и во трето училиште да го запишат својот син на посета на редовна настава која за основното образование за законски задолжителна. И во третото училиште наидоа на бојкот од страна на учениците и родителите.
Наместо одговор од институциите директрките на училиштата со објаснувања дали ги добиле валидните документи за упис, а родителите ги подготвиле своите деца за бојкот и не ги пуштат на настава.
Како градиме, воспитуваме, усмеруваме, превоспитуваме деца за кои треба и вонредна помош од стручни лица за излез од состојбата. Додека трае голготата на 8-годишникот, наметнатиот страв на учениците од новиот соученик, има и вакви реакции кај граѓаните: Зошто вршиме колектвна сатанизасција на едно дете!?“
„Ало, родители!
Сатанизирате десетгодишно дете!?
Место сите заедно со вашите деца во училиштата да го прифатите и да му помогнете, го оставате да доизгори и поттикнувате дискриминација и фобии.
Срам и арам да ви е!
Не разбирам зошто Меѓаши не се огласуваат!?“ – напиша Никола Калајџиски на социјалните мрежи.
Инаку, и денеска учениците од основното училиште „Лазо Ангеловски“ не отидоа настава со што продолжи бојкотот поради насилното однесувањето на 8-годишиот соученик.
Родителите бараат Министерството за образование да спроведе стручна анализа за состојбата на ученикот и на неговото семејство. Според нив, со ученикот е неопходно да работат специјалисти, а неговото враќање на редовна настава да се дозволи само по добивање документ кој што ќе потврди дека неговото однесување е подобрено и дека не претставува закана за безбедноста на соучениците и на вработените.
Министерката за образование и наука Весна Јаневска вчера изјави дека случајот добил „преголема, непотребна и донекаде неправедна јавност, обем и јавна дискусија“.