Пожарот кој изби во 10:30 часот во домот за стари лица „Д-р Јаневски“ во с.Чемерско општина Кавадарци е изгаснат во 12:00 часот. Нема повредени лица.
Горела кровната конструкција, Интервенирала ТППЕ Кавадарци. На теренот биле присутни и од МВР ОВР Кавадарци со 7 лица и 2 возила.
Евакуирани се 30 лица од домот кои се пренесуваат во ЈЗУ Општа болница со проширена дејност Кавадарци. Лицата кои се подвижни се пренесуваат со 2 возила (мини бус) од ЈП „Превоз Кавадарци“.
Има 5 неподвижни лица кои се пренесуваат со 2 возила на Итна медицинска помош Кавадарци, 1 возило од Итна медицинска помош Неготино. Кон домот за стари лица упатени се и 1 возило на Итна медицинска помош од Здравствен дом Свети Николе и 1 возило на Итна медицинска помош Велес.
Од управата на домот изразуваат благодарност до градоначалникот на Кавадарци за брзата интервенција на локалните служби и екипите за помош.