Преку социјалните мрежи во последните два дена се шири повик за бојкот на маркетите низ земјава во петок, поради високите цени на храната. На социјалните мрежи се проширија и две илустрации со кои се повикува на бојкот на 31 јануари (петок).
На Фејсбук веќе може да се најде и група која досега брои над 440 луѓе насловена „Бојкот! Стоп за високите цени на храната!“.
„Стоп за високите цени на храната по маркетите, стоп за огромниот профит на поединци врз грбот на народот. Да се здружиме сите заедно бидејќи нема кој да не заштити“, пишува во описот на новоформираната група.
Повикот за бојкот масовно се споделува и на социјалната мрежа X.
Ајде сложно
31 ЈАНУАРИ БОЈКОТ!!!
РТ РТ РТ https://t.co/tPDreBy4be— ⰱⱁјⰰⱀ ⰲⰰⱄиⰾⰵⰲⱄⰽи🔴⚫️ (@bojanvasil) January 27, 2025
Ваквиот повик доаѓа по успешната масовна акција на бојкот во Хрватска на 24 јануари. Уште еден бојкот на маркетите во Хрватска е најавен и за овој петок. Ист ваков повик за бојкот во петок се шири и во Босна и Херцеговина и во Црна Гора.
Вака изгледаа маркетите на првиот бојкот во Хрватска: