Ова е ден кога граѓаните на Скопје жалеа за тебе со цвеќе, запалени свеќи, со протести, со демонстративни пораки.
Ова е ден кога цело Неготино плачеше за тебе и ти оддаде должна, но и болна почит. Ова е денот кога твојот професор Изет Цури од Интернационалната Академија за мода и дизајн се прости со највредниот и најшарен по креации студент на Академијата.
Ова е денот кога семејството се оддели од тебе Фросина и остана 💔 скршено од болка:
– “Тој уби бисер од дете, врвен дизајнер, со пофалби, со награди…”
Нека биде ноќта твоја, да заминеш по светлиот пат, да му станеш миленичка на Бога за да светиш сјајно на небото како што светеше секаде со својата насмевка и добрина, ТИ Фросина, со твојата младост и само 22 години расцутен недоизживеен живот….