По успешното завземање на позицијата „Државни првакињи во категоријата Ката тим за женски за 2024 година“, Јована, Тијана и Симона од КК „Армор“ заминуваат на Европско првентство кое се одржува од 7 до 9 февруари во Полска.
Конкретниот избор да бидат членови на Македонската карате репрезентација за ЕП беше освоеното ПРВО место на одржаното одржаното “Државно Првенство за кадети, Јуниори и У21” во декември 2024, а со тоа и пласман за Европско.
Инаку, „ката тимот“ на „Армор“ составен од Јована Дичева, Симона Дичева и Тијана Гоцкова минатата година во четири наврати, на државни и меѓународни турнири успеаја да освојат и да го потврдат ПРВОТО место. Затоа со сигурност велат дека се возбудени за настапот на Европско првенство и имат намера да атакуваат за медал.
Своите способности ги испробаа и во поширока конкуренција со настап на Балканското првенство во Сараево, Босна и Херцеговина, исти така минатата година.
Скромсните девојчиња Тијана (16 г.), Јована и Симона по 17 години велат дека им претставува чест да настапуваат во боите на Македонија и да бидат дел од македонската карате репрезентација.
Утре заминуваат за Полска, а на нивниот последен тренинг пред ЕП ги запрашавме како стигнаа до овој резултат и што очекуваат од Европско.
За овој нов спортски предизвик зборуваат: Ристо Брзанов – тренер, Симона, дел од “ката тимот” и Ристо Мелков, директор на КК “Армор”.
Учеството на Европско првенство е највисоко спортско достигнување за КК „АРМОР“ во текот на свото 20 годишно постоење, вели директорот на клубот Ристо Мелков.
Инаку, Eвропската карате Федерација ова првенснство го организира од 1966 години, и е 52-ро по ред годинава. Во овој период се натпреварувала репрезентацијата на Југославија и освоила вкупно 4 медал од кои 7 златни, 10 сребрени и 24 бронзени. Од осамостојувањето на Македонија нашите каратисти настапуваат со сопствена репрезентација и до сега имаат освоени вкупно 23 медали и тоа 3 златни, 3 сребрени и 17 бронзени.
Им посакуваме спортска среќа и успех на нашите „ката девојки“!