Аеродромскиот кошаркарски клуб МЗТ Скопје синоќа во Гевгелија ја потврди својата шампионска позиција, освојувајќи го победничкиот пехар на Купот на Македонија, „Благоја Георгиевски Буштур“. Ова е 13-та шампионска титула на МЗТ на Купот на Македонија, со посакуван хет-трик, по трет пат реди победа на КМ во низа од 2023, 2024 и годинава 2025.
Иако се трудеа гевгелиските кошаркари останаа со резултатот 61:86 пред моќниот МЗТ.
Најефикасен на теренот со 20 поени за Кожув беше и овој пат Стевановиќ, а по 12 поени постигнаа Вилсон и Пилепиќ.
Тренерот Апостолов ја имаше хараброста да прати во финалната игра млади кошаркари Лука Чучанов (15 години), Јордан Кузманов (18 год.) кој ги постигна последните два поена за „Кожув“ и со тој резултат од 61 погодоци гевгеличани го завршија натпреварот. Кузманов својот елан за игра го потроши и на обрачот од кошот после постигнатите поени.
– „Кожуф има генерација на млади играчи кои се’ почесто ќе ги гледаме на терен“ – изјави после натпреварот тренерот Апостолов.
Гевгелиските кошаркари понесоа сребрени медали за освоеното второ место од Купот на Македонија.
За гевгеличани ова беше второ финале во историјата на клубот и втор пат освоена Вице Шампионската титула на Купот.
Првакот од натпреварот и Шампион на Купот, МЗТ Скопје го понесе победничкиот пехар и златни медали за играчите и раководниот тим.