Балканскиот фестивал на игри и фолклор фолклорен „Balkan Halk Oyunlary“ беше успешен домаќин на ансамблите од регионот меѓу кои и репрезентот од Македонија, гевгелискиот ансамбл „Бојмија“.
Нашиот фоклорен чувар и амбасадор на македонската култура со својот разигран состав ја разигра и публиката во Турција, поточно во опеаниот град Едрене, (сега пократина во северозападна Турција со близу 400.000 жители) Главен град на покраината е градот Одрин кој служел како трет главен град на Отоманското Царство во периодот од 1363 до 1453 година. Се наоѓа близу границите со Бугарија и Грција и претставувал значаен трговски центар поради тоа што излегувал на море.
На фестивалското дефиле настапија со одбрани ора, а вечерните концерти беа посветени на љубителите на фолклорот на големата сцена во Едрене.
Знамето на Македонија се вееше пред секој настап, а играорците ги „везеа“ ората едно по едно за раскошен аплауз како подарок од публиката.
За успешното и забележително учество им беше доделен Сертификат од страна на Проф. Д-р Мустафа Хатиплер, ректорот на Тракијскиот Универзитет кој е всушност комплетен организатор на Фестивалот.
На Фестивалот учество зедоа ансамбли од Турција, Бугарија, Романија, Молдавија, Србија, Косово и Македонија, со нашите од „Бојмија“.
Вака од фестивалот известуваа регионалните медиуми во Турција. Членовите на „Бојмија“ играат после 1:35 минута:
Честитки за девојките и момците од ансамблот „Бојмија“, за презентираните македонски песни и ора во далечното Едрене.