На улица “Моински пат” во Гевгелија се изведуваат градежни работи за кој никој надлежен не известил ништо. Раскопана е десната страна од улицата која се протега од 50-на метри после кружниот ток кај Касарна до пред месноста Динќот.
Просторот за движење и разминување на автомобили по сообраќајницата е стеснет и поради земјените купишта долж улицата.
Оваа улица беше асфалтирана на 16 март 2023 година по изведувњето на зафати за проширување на атмосферската канализациона мрежа. Што ново се измисли за 2 години, па нови раскопи!?
Возете внимателно, особено во ноќни услови, бидејќи од сигнализација има само меколку сообраќајни знаци покрај купиштата земја.